• сабота, 27 јули 2024

Реал Мадрид наскоро ќе преговара со Азар, клубот ќе го продаде играчот на лето

Реал Мадрид наскоро ќе преговара со Азар, клубот ќе го продаде играчот на лето

Мадрид, 7 март 2023 (МИА) - Раководството на Реал Мадрид планира да одржи состанок со напаѓачот Еден Азар и неговите претставници во наредните недели.

 

Според новинарот Фабрицио Романо, клубот ќе го продаде 32-годишниот Белгиец во летниот преоден рок.

 

Азар е во Реал Мадрид од јули 2019 година. Во сезоната 2022/23 тој постигна еден гол и една асистенција на седум натпревари за „кралскиот клуб“.

 

Последен пат Азар се појави на теренот на 3 јануари на натпреварот од Купот на Шпанија против Касерено (1:0). зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан