• четврток, 02 мај 2024

Реал Мадрид и Манчестер сити ремизираа во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите

Реал Мадрид и Манчестер сити ремизираа во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите

Мадрид, 9 мај 2023 (МИА) - Реал Мадрид вечерва ремизираше на домашен терен со Манчестер сити во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите - 1:1.

 

Стрелец на голот за Реал беше Винисиус Жуниор во 36. минута, „Граѓаните“ одговорија преку Кевин Де Брујне во 67. минута.

 

Натпреварот беше 190-ти натпревар за менаџерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти во Лигата на шампионите. Тој се израмни со рекордерот во елитното натпреварување Алекс Фергусон.

 

Реваншот од 1/2 финалето ќе се одигра во Манчестер на 17 мај. 

 

Утревечер во првата пресметка од втората полуфинална двојка ќе се соочат Милан и Интер. зс/

 

Фото: Фејсбук

Остани поврзан