• понеделник, 23 декември 2024

Реал, Барселона и Јувентус ја обвинија УЕФА за „неподнослив притисок“

Реал, Барселона и Јувентус ја обвинија УЕФА за „неподнослив притисок“
Мадрид, 8 мај 2021 (МИА) – Преостанатите три екипи кои опстојуваат на проектот за фудбалска Супер лига, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, ја обвинија денеска Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) за неподнослив притисок што врз нив го врши за да се откажат од новото натпреварување. - Основачите на Супер лигата и натаму страдаат, врз нив се врши притисок и трпат закани. Таквото однесување е неподносливо кога е во прашање владеењето на законите,. Некои судови веќе им наложија на УЕФА и ФИФА да се воздржат од такво однесување во време кога сè уште се чекаат судските постапки, се истакнува во заедничкото соопштение на Реал Мадрид, Барселона и Јувентус. Нивната реакција уследи откако одбија да постигнат договор со УЕФА, како што тоа го направија другите девет екипи, кои првично застанаа за Супер лигата, а неполни 72 часа подоцна се откажаа од проектот. Со цел да избегнат остри санкции, шесте англиски екипи, Челзи, Ливерпул, Арсенал, Тотенхем, Манчестер сити и Манчестер јунајтед, како и Милан, Интер и Атлетико Мадрид, во петокот потпишаа со УЕФА „Декларација за верност“. ег/

Остани поврзан