• недела, 22 декември 2024

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ за ставот на СДСМ за кредитот од Унгарија

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ за ставот на СДСМ за кредитот од Унгарија

Скопје, 24 септември 2024

Филипче продолжува да биде против општините водени од СДС на кои не им пречеа унгарските пари.

Филипче продолжува да биде против капиталните проекти за кои се обезбедени унгарските пари и против бизнисот кој ке се развива преку супер евтини кредити кои ќе се стават на располагање.

Небулозите за тоа дали биле кинески или афрички пари доволно е СДС да поседува елементарна писменост за да дознае. Ваквата состојба на тотална безидејност ја тера СДС да критикува само колку да критикува и постојано да употребува ќорфишеци. Ја разбираме кризата во СДС, но нема да дозволиме со себе да ја повлечат и Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива

Остани поврзан