• недела, 22 декември 2024

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ

2 јануари 2024 

Фактите се поразителни за ДПМНЕ, помали плати, пензии, инвестиции, во сите сегменти имаат послаби резултати од СДСМ

Бројките и фактите се поразителни за ДПМНЕ и белиот дворец, историски најниски плати, пензии и инвестиции имаше во времето кога беа власт. 

Во секој можен сегмент ДПМНЕ има послаби резултати од СДСМ, но еве ќе издвоиме неколку.

1.
Со СДСМ платите и пензиите продолжија  да растат и во тешки услови обезбедивме историски најсилна економска поддршка за граѓаните од над 2,6 милијарди евра.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен СДСМ ја покачи на 39.000 денари. Просечната плата денес е 630 евра! Во времето на ДПМНЕ таа знесуваше околу 360 евра, или 22.460 денари. 
Во изминативе 6 години, СДСМ ја зголеми минималната плата за 4 пати од 9.000 на 20.000 денари. Што значи за само неколку години и во споредба со ДПМНЕ минималната плата е зголемена за над 100%.

2.
Во споредба со времето на ДПМНЕ, СДСМ за 50% ја зголеми минимална пензија и за 50% ја зголеми просечна пензија.

Во време на ДПМНЕ просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, или нешто над 200 евра. Во март оваа 2023 година, просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари, што е зголемување од околу 6.000 денари, односно 100 евра.

3. 
Во времето на ДПМНЕ невработеноста беше 25%, со СДСМ 14% е невработеноста во овој момент. 

4.
Во енергетиката- 18 мега вати во време на ВМРО-ДПМНЕ беа инсталирани а 283 мега вати инсталиран од обновливи извори на енергија во време на СДСМ. 

5.
Поврат на ДДВ, нула во време на ВМРО-ДПМНЕ, 2.100 денари во време на СДСМ или вкупно 100 милиони евра досега. 

6.
Во услови на светска, економска и енергетска криза, СДСМ го зголеми бруто домашниот производ во споредба со ДПМНЕ за 3 милијарди евра. Во 2017 година БДП изнесуваше 9.7 милијарди а во 2022 е 12 милијарди. 

7.
Странските инвестиции во 2016 година изнесуваа 338 милиони евра, во време на ДПМНЕ. Во 2022, година после пандемија со КОВИД-19 и во ек на глобална економска и енергетска криза, односно во време на СДСМ изнесуваа речиси 754 милиони евра. Двојно повеќе од тоа што биле во 2016 година.

8.
Инвестициите во ТИРЗ во време на ДПМНЕ во 2016 изнесувале кумулативно 600 милиони евра. Во 2023, во време на СДСМ, кумулативно изнесуваат 2 милијарди евра.

Народот не заборава како ДПМНЕ фрли 1 милијарда евра на жални врби, стиропор и гаќи за Прометеј наместо за граѓаните. 

Ова е истото ДПМНЕ кое пред да изглуми сериозност и загриженост на прес конференција почна со лаги, се смее и прави комедија од сериозни теми. 

ДПМНЕ е прочитана приказна. 

Следниот пат кога портпаролката на ДПМНЕ ќе мора да измислува теми за манипулации, нека се подготви подобро.

 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан