• вторник, 05 ноември 2024

Реакција на СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски

Реакција на СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски

11 март 2024 

Мицкоски уште еднаш потврди дека со него и со ДПМНЕ нема членство во ЕУ

Нема членство во ЕУ со Мицкоски и ДПМНЕ.

Тоа денеска Мицкоски самиот го потврди признавајќи дека патот за македонските граѓани во ЕУ е невозможен со ДПМНЕ. 

Мицкоски вели дека ова не се избори помеѓу Европа и изолација, но во исто време промовира дефетистички ставови кон напредокот на земјата на патот кон ЕУ.

Тоа на сите им е јасно. Не постои партија која повеќе ја оддалечила Македонија од членство во меѓународните организации од неговата. 

Очигледно на Мицкоски полесно му е да го блокира патот на кон ЕУ и да ја врати земјата десет чекори назад, во времето на изолацијата, кога реалниот напредок, просперитетот и европските интеграции беа само мисловна именка. 

Од друга страна, СДСМ покажа дека искрено работи на интеграцијата на земјата. 

Северна Македонија е членка на НАТО, а за време на новиот мандат на Пендаровски и Ковачевски нашата држава ќе стане рамноправна членка на Европската Унија. 

Граѓаните не сакаат државата да ја води политичар што ќе ја врати во „подрумот на Европската Унија“. Граѓаните сакаат јазна визија за иднината, визија која носи надеж, напредок, развој и европски животен стандард. 

И како што би рекол Мицкоски: „Ги повикуваме граѓаните да излезат на избори и да одлучат во каква држава сакаат да живеат“. Едниот избор е рамноправна и просперитетна членка на ЕУ, а другиот е изолирана и затворена држава без надеж за подобро утре.

 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан