Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ за повредената вработена во Кочани
- СООПШТЕНИЕ - СДС го штити насилникот во Кочани од своите редови, тој и понатаму продолжува да биде нивен коалиционен партнер
Скопје, 19 јуни 2025
СДС го штити насилникот во Кочани од своите редови, тој и понатаму продолжува да биде нивен коалиционен партнер
СДС штити насилство. Осудата која ја изразија е само декларативна и колку да ја замачкаат јавноста и она што сите го видовме. Советникот на Филипче повреди жена, а ова е данокот на омразата и злоупотребите кои СДС ги прави во Кочани и злоупотребите со трагичните судбини на жртвите од пожарот во Пулс.
Бараме СДС да го исклучи од Совет и Венко Филипче јавно да се огради од својот советник.
Советникот на Филипче повреди вработена во општина Кочани. И тоа е голем инцидент.
Жално е на какви ниски гранки падна СДС.
Центар за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ
_______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки