• четврток, 05 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес - конференцијата на СДСМ

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес - конференцијата на СДСМ

Скопје, 30 ноември 2024

СДС и ДУИ целосно го партизираа и колабираа судството во Македонија.

СДС е целосно во хаос и секојдневно тоне во сопствените илузии во обид да се консолидира.

Наместо нонсенс соопштенија и прес конференции, СДС нека се потрудат народот да дознае кој им е лидер, пред да манипулираат и обвинуваат без цврста основа, конкретни докази и без контекст.

СДС и ДУИ судско обвинителскиот систем во Македонија го направија катастрофален, со СДС и ДУИ македонското судство стана пример за тоа што значи заробено судство.

СДС и ДУИ го уништија системот и ја урнисаа довербата во институциите.

Довербата на граѓаните во судско обвинителскиот систем кој го креира СДС и ДУИ е на ниво од 2 проценти.

СДС и ДУИ креираа партиски опструирано и заробено обвинителство и судство. СДС и ДУИ креираа мала група обвинители и судии, кои се партиски послушници и го контаминираат правосудниот систем.

СДС наместо да прифати одговорност за своите криминални скандали, се обидува да ја насочи дискусијата на политички манипулации, што е само уште еден обид да се избегне јавниот преглед на нивните неуспеси, неоспорната корупција која го рефлектираше нивниот режим.

Граѓаните одамна ја препознаа вистинската природа на СДС, партија без визија, без кредибилитет, и без капацитет.

ВМРО-ДПМНЕ се залага за реформи во судскиот систем.

ВМРО-ДПМНЕ презема сериозни чекори за стабилизирање на институциите и создавање на независен правосуден систем, а тоа не им се допаѓа на СДС и ДУИ и нивни блиски структури кои ги користеле и злоупотребувале институциите за сопствени лукративни потреби.

ВМРО-ДПМНЕ се залага за борба против криминалот и корупцијата, и сите оние кои го прекршиле законот треба да бидат санкционирани, сите скандали и криминали на претходната власт за кои постои доказ потребно е да се разоткријат и да излезат на виделина во јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ се залага за градење и подобрување на институционалните капацитети на системот и враќање на довербата на граѓаните во правосудните органи.

ВМРО-ДПМНЕ се залага за реформи кои ќе ја вратат правичноста и транспарентноста во судскиот систем, а најавените чекори за одговорност кај обвинителите и судиите не се закани туку обврска за владеење на право.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан