• четврток, 09 јануари 2025

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ

Скопје, 9 јануари 2025

СДС заедно со ДУИ македонските граѓани ги доведоа до просјачки стап. За време на нивното заедничко седум годишно владеење над пола милион граѓани денот го поминуваа со по 150 денари.

Инфлацијата и скапотијата, за која зборуваат, пред неколку години беше двоцифрена за во 2023 година да заврши со 9,5%. 2024 изборна година и ВМРО-ДПМНЕ на власт шест месеци, инфлацијата се спушти на 3,5% и годината заврши со раст на економија од 2,3%. Ова се официјални податоци од надлежните институции.

Според проекциите на Народна банка годинава се очекува раст на БДП од 3,3% и дополнително намалува на инфлацијата до ниво од 2,5%.

Ова се резултати и проекции засновани на преземените мерки од страна на Владата за стопирање на слободниот пад на економијата и постепено економско заживување, преку реализација на капитални проекти и историски највисокото ниво на странски инвестиции.

Економијата се стабилизираше и веќе годинава ќе се движи кон раст и развој која ќе овозможи подобар живот и благосостојба за сите во Македонија.

Освен ова, Владата активно преземаше мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните, како зголемување на плати и пензии, ограничување на профитните маржи, намалување на цените на прехранбените производи.

За разлика од сега, СДС кога беа на власт, до пред шест месеци, го покачија ДДВ на прехранбените производи што беше и една од причините за зголемување на цените.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан