• понеделник, 23 декември 2024

Рачно изработени сувенири доделени на Градскиот музеј Крива Паланка

Рачно изработени сувенири доделени на Градскиот музеј Крива Паланка
Крива Паланка, 29 октомври 2020 (МИА) - Вкупно триесет примероци сувенири, рачно сликани на порцелан беа доделени на Градскиот музеј - Крива Паланка, како дел од проектот „Традиција насликана на порцелан".
На завршниот настан од проектот што се одржа во просториите на Уметничката галерија на Локалната установа Градски музеј, овие сувенири на директорот на музејот Драган Величковски му ги предаде уметницата Оливера Станковска, автор на проектот, под чијашто координација се спроведе истиот.
- Овој проект е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, проект од национален интерес во категоријата на визуелни уметности. По реализирање на две работилници на коишто твореа заинтересирани граѓани од различни возрасти од Крива Паланка, учејќи ги и усовршувајќи ги техниките на сликање на порцелан, креативните изработки – сувенирите беа изложени и предадени во владение на сувенирницата при ЛУ Градски музеј Крива Паланка. Огромна благодарност до асистентот на проектот - Наталија Милковска, етнолог при Лу Градски музеј Крива Паланка, директорот Драган Величковски и вработените кои допринесоа за реализирање на бесплатната креативна работилница - цртање и сликање на порцелан, со која создадовме дела што во иднина ќе ја презентираат традицијата на општината, рече Станковска.
Изработките содржат три мотиви: официјалниот сувенир на градот - паланечки симит, логото на музејот и традиционалните Кривопаланечки народни носии, машка и женска.ид/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан