Расчистени наносите на патот до Криволак
- Расчистени се наносите на патот до селото Криволак, кои беа создадени по обилните врнежи од дожд синоќа, информираше денеска градоначалникот на неготино Горан Стојанов.
![Расчистени наносите на патот до Криволак](https://new.mia.mk/images/20221113212122_big_730x400_28.webp )
Неготино, 2 септември 2022 (МИА) - Расчистени се наносите на патот до селото Криволак, кои беа создадени по обилните врнежи од дожд синоќа, информираше денеска градоначалникот на неготино Горан Стојанов.
- Синоќашните обилни врнежи од дожд предизвикаа создавање на големи наноси на повеќе локации на патниот правец Неготино-Криволак, што придонесе за отежнато одвивање на сообраќајот на овој пат и движење на пешаците. Со цел за расчистување на наносите, од утрово на терен беа екипи од општина Неготино и ЈП Комуналец, коишто со механизација и работна рака беа ангажирани на расчистување на наносите, соопшти градоначалникот.
Стојанов додаде дека по извршената интервенција, овој патен правец е оспособен за непречено одвивање на сообраќајот и е вратен во првобитната состојба. свд/цр
![FB_IMG_1662117078110](/articles/images/%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%87%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%bd%d0/OXD0NfcSk/placeholder.webp?use_watermark=0)
![FB_IMG_1662117089644](/articles/images/%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%87%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%bd%d0/Y6NjRh9kC/placeholder.webp?use_watermark=0)