• петок, 22 ноември 2024

Расчистени два случаи на поттикнување омраза и насилство преку интернет

Расчистени два случаи на поттикнување омраза и насилство преку интернет
Скопје, 10 јули 2022 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Тетово во координација и содејство со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР целосно расчисти два случаи на коментари со заканувачка содржина со кои се промовирале или поттикнувале омраза и насилство, напишани на објави од интернет портали.
Поради сомнение дека се автори на ваквите коментари, во Полициската станица Тетово вчеравечер (9 јули) повикани се Џ.Л.(40) од Тетово и Д.Р.(37), од тетовско село, со кои бил извршен службен разговор, при што Д.Р. го признал делото.
Од МВР информираат дека по документирање на случајот против двете лица ќе следуваат соодветни поднесоци. сст/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан