• сабота, 23 ноември 2024

Раст на депозитите на албанските емигранти во третиот квартл

Раст на депозитите на албанските емигранти во третиот квартл
Тирана, 11 декември 2020 (МИА) - Во третиот квартл  забележан е раст на депозитите на албанските емигранти откако нагло се намалија во второто тромесечие, кога Европа беше речиси во целосна  изолација, соопшти Централната банка на Албанија. Според  на Централна банка на Албанија депозитите на емигрантите изнесуваат 197 милиони евра што е раст за 6,5 проценти споредено со истиот период лани. Тоа  е највисоко ниво на депозити во овој квартал од 2008 година. - Зголемувањето на дознаките во третиот квартал доаѓа по нивниот голем пад во вториот квартал, кога оние што живеат и работат во странство испратиле дома само 121 милиони евра или 35 проценти помалку од истиот период лани. Како резултат на негативните перформанси во вториот квартал, за целиот период јануари-септември, дознаките се помали за 9,6 отсто, што е најниско ниво од 2017 година, се наведува во анализата на весникот Монитор. Според истиот извор Италија и Грција и понатаму се главните канали на дознаки, поради големиот број емигранти кои живеат и работат во овие земји. - Но, во последниве години, приливот се зголемува од земјите каде што и бројот на албанските емигранти се зголемува, главно Велика Британија и особено Германија. Трендот на дознаките во последните три децении е различен.Највисок износ е забележан во 2008 година по што почнува опаѓање на износот на дознаки повеќе од една деценија, поради фактот што емигрантите почнаа да ги прекинуваат врските со татковината формирајќи семејства во земјата каде што работат, наведува Монитор. Според албанскиот Институт за статистка во периодот 2011-2019 година земјата ја напуштиле над 360.000 лица што е 13 отсто од резистентното населението во 2011 година.Од оние што заминале во овој период 14 отсто се со високо образование. вт/ми/

Остани поврзан