• петок, 22 ноември 2024

Распуштен парламентот во Израел, предвремени избори на 1 ноември

Распуштен парламентот во Израел, предвремени избори на 1 ноември

Ерусалим, 30 јуни 2022 (МИА) - Израелскиот парламент - Кнесетот беше распуштен по гласањето синоќа, неколку дена подоцна од планираното, отворајќи го патот за нови избори, кои ќе се одржат на 1 ноември.

Владејачката коалиција на премиерот Нафтали Бенет, составена од осум политички партии, остана без мнозинство во Кнесетот откако еден пратеник напушти.
Парламентарните избори, петти по ред во последните три и пол години, ќе се одржат на 1 ноември. Министерот за надворешни работи Јаир Лапид ќе ја преземе премиерската функција се додека не се формира нова влада, според претходниот коалициски договор со Бенет. Гласањето за распуштање на Парламентот првично беше закажано за понеделник, но беше одложено бидејќи власта и опозицијата не можеа да се договорат за датум за нови избори. Поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху, кому му се суди под обвинение за корупција, се надева дека ќе се врати на власт на следните избори. Според анкетите, неговата десничарска конзервативна партија Ликуд би можела повторно да стане најголемата сила во земјата, но без доволен мандат за формирање влада. Бенет (50) во меѓувреме најави повлекување од политиката. Тој изјави дека нема намера да се кандидира на изборите, за што не наведе конкретни причини. паг/  

Остани поврзан