• сабота, 19 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Распуштен британскиот Парламент

Распуштен британскиот Парламент

Лондон, 30 мај 2024 (МИА) – Британскиот Парламент официјално е распуштен пред изборите, што се закажани на 4 јули.

Главната опозициска Лабуристичката партија се очекува да ги порази владејачките конзервативци по повеќе од една деценија.

Парламентот беше распуштен по ненадејната одлука на премиерот Риши Сунак минатата недела да распише избори. Сега започнува изборната кампања за пополнување на составот на 650-члениот Долниот дом на британскиот Парламент.

Првата седница на Долниот дом на Парламентот по изборите ќе се одржи на 9 јули. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан