• понеделник, 23 декември 2024

Расказот „Хектор” победи на конкурсот за краток расказ „Тврдоглави“

Расказот „Хектор” победи на конкурсот за краток расказ „Тврдоглави“

Скопје, 15 февруари 2023 (МИА) - На првото издание на анонимниот конкурс за краток расказ „Тврдоглави”, наменет за млади писатели на возраст од 16 до 26 години, пристигнаа 206 раскази, а наградени се расказите „Хектор“,„Тринастега” и „Кучешки празник“, информираат попладнево организаторите на конкурсот.

Како што додаваат тие, оценките се дадени од жирито во состав на Оливера Ќорвезироска, Владимир Мартиновски и Николина Андова Шопова.

- Жирито констатираше дека најголемиот дел од пристигнатите раскази ги задоволуваат предвидените пропозиции, а десетина текстови, кои по обем се значително подолги и инклинираат кон новели и куси романи, беа исклучени од процесот на селекција. По опсежните дискусии за текстовите кои влегоа во поетесен избор, се донесе едногласна одлука и беа одбрани три наградени раскази. Првонаграден е расказот „Хектор” од шифрата „11597“, на второ место е расказот „Тринастега” од шифрата „Тринастега“, а на трето место, расказот „Кучешки празник” од шифрата „Аглаонема“. Жирито  донесе одлука да издвои и три раскази кои заслужуваат пофалба. Тоа се „Архивски назив: Тремор” од шифрата „Јупитер 8836“, „Судиска грешка” од шифрата „John Doe“ и „Улицата на багремите, бр.18” од шифрата „Табјера 18“, се наведува во соопштението.

Наградниот фонд изнесува 60.000 денари за прва награда, 20.000 денари за втора награда и 10.000 денари за трета награда.

Конкурсот „Тврдоглави” е во чест на Славко Јаневски и има за цел да ги поттикне и промовира младите писатели на македонската книжевна сцена. бд/дма/

ФОТО: Принтскрин/ веб-страница

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан