• петок, 22 ноември 2024

Расел: Сигурен сум дека Мерцедес може да се бори за титулата во 2023 година

Расел: Сигурен сум дека Мерцедес може да се бори за титулата во 2023 година

Лондон, 7 јануари 2023 (МИА) - Џорџ Расел очекува Мерцедес да се бори за титулата во Формула 1 во 2023 година. Британецот рече дека на неговото мислење влијаела промената на односот на силите во сезоната 2022.

Расел победи на трката за Големата награда на Бразил, иако на почетокот на годината Мерцедес сериозно заостануваше зад Ферари и Ред Бул.

- Ако го погледнете развојот на болидот, брзината со која ја намаливме разликата во однос на конкурентите, нема причина да веруваме дека не можеме да го направиме тоа. Доколку се постигнат целите за развој на болидот, ќе добиеме болид со кој ќе се бориме со Ред Бул. На почетокот на сезоната се квалификувавме зад Алфа Ромео, зад Хас. Се сеќавам дека завршив четврти во Имола, но имав исто темпо како Ландо Норис и Валтери Ботас ме стигнуваа во Алфа. Противниците беа побрзи, а Луис Хамилтон возеше на десетто или деветто место. Но, направивме голем напредок. Затоа верувам во тимот. Брзината на развој ми дава целосна доверба дека сигурно сме способни да се натпреваруваме за шампионската титула, рече Расел.

Новата сезона во Формула 1 шампионатот ќе почне на 5 март со трката во Бахреин. зс/

Остани поврзан