• недела, 17 ноември 2024

Рангник: Сакаме повторно да се пласираме во ЛШ, ќе се обидеме да ја завршиме сезоната на највисоко ниво

Рангник: Сакаме повторно да се пласираме во ЛШ, ќе се обидеме да ја завршиме сезоната на највисоко ниво
Манчестер, 16 март 2022 (МИА) – Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рагник ги искажа своите впечатоци по елиминацијата од осминафиналето во Лигата на шампионите. На прашањето дали „црвените ѓаволи“ ќе успеат да ги стигнат Манчестер сити, Ливерпул и Челзи на табелата во Премиер лигата, Рангник вели: „Прерано е да се зборува за тоа. Остануваат уште девет кола до крајот. Ќе се обидеме да ја завршиме сезоната на највисоко ниво. Сакаме да се избориме за настап во Лигата на шампионите и следната сезона и добро ни е познато дека за ова треба да победиме во поголемиот дел од овие девет натпревари. Но, засега, повторувам, рано е да се размислува како да се стигнат врвните клубови. Фокусиран сум да завршам на највисоко ниво, а потоа ќе разговараме за други работи“, изјави Рангник. Јунајтед синоќа загуби од Атлетико Мадрид со 0:1 и со вкупни  1:2 испадна од елитното фудбалско натпреварување. зс/

Остани поврзан