• недела, 29 септември 2024

Рангник ги спореди трансфер стратегиите на Манчестер јунајтед, Сити и Ливерпул

Рангник ги спореди трансфер стратегиите на Манчестер јунајтед, Сити и Ливерпул
Манчестер, 6 март 2022 (МИА) - Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник зборуваше за трансфер стратегијата на клубот. - Треба да имате јасна трансфер стратегија, да потпишете играчи кои се вклопуваат во системот. И Ливерпул и Сити го прават тоа во последните 5-6 години. Ако се погледне нивната трансфер политика и успешните набавки, може да се каже дека немаа многу неуспешни трансфери. Манчестер јунајтед има идентитет, ние мора да одиме по својот пат. Но, професионалниот фудбал е прилично едноставен. Треба да разберете како сакате да играте, каква игра сакаат да гледаат навивачите и секогаш бил атрактивен, напаѓачки, активен фудбал што забавува. Дополнително, ни треба најдобриот можен тренер, како и стручен штаб кој може да развива играчи, изјави Рангник за „Телеграф“. Денес Манчестер јунајтед ќе игра со Манчестер сити во Премиер лигата со почеток во 17:30 часот. зс/

Остани поврзан