• петок, 22 ноември 2024

Рама во Вашингтон ќе се сретне со Блинкен

Рама во Вашингтон ќе се сретне со Блинкен
Тирана, 2 февруари 2022 (МИА) - Во средината на месецов албанскиот премиер Еди Рама ќе учествува на состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк, а потоа ќе отпатува во Вашингтон, каде ќе се сретне со американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Тоа ќе биде втора средба меѓу Рама и Блинкен, по онаа од 13 јуни 2021 година во Брисел, каде што САД и Албанија потпишаа меморандум за 4Г и 5Г безбедност. Средба помеѓу Рама и Блинкен е во време поранешниот албански премиер Сали Бериша ја засили антиамериканската реторика откако беше прогласен за „персона нон грата“. Бериша и поднесе тужба против Блинкен во судот во Париз. вт/ми

Остани поврзан