• петок, 22 ноември 2024

Рамадани на Јавниот форум на НАТО во Вилнус

Рамадани на Јавниот форум на НАТО во Вилнус

Скопје, 11 јули 2023 (МИА) -  Претседателот на Евро-атлантскиот совет на Северна Македонија, Исмет Рамадани ќе учествува на Јавниот форум на НАТО 2023 во Вилнус, Литванија, што НАТО го организира во соработка со Центарот за студии за Источна Европа, Германскиот Маршалов фонд на САД, Минхенската безбедносна конференција и Атлантскиот совет.

Форумот, како што информираат од Евро-атлантскиот совет, е дводневна експертска конференција која има за цел да промовира подобро јавно разбирање за политиките и целите на НАТО и одлуките што треба да бидат усвоени на Самитот во Вилнус, преку дијалог и ангажман со единствена и разновидна група засегнати страни, од шефовите на држави/влади и министрите, до меѓународните безбедносни експерти, креаторите на мислење и политики, академици, новинари и млади луѓе, во серија панел-дискусии, дебати и интерактивни сесии на различни теми од агендата на НАТО.

Шефовите на држави и влади на НАТО денеска и утре ќе се сретнат во Вилнус Литванија, на Самитот на НАТО, во чиј фокус се предизвиците за сегашната безбедносна состојба. аа/нд/

Фото: Евро-атлантскиот совет на Северна Македонија

Остани поврзан