• понеделник, 23 декември 2024

Раб: Велика Британија и ЕУ да постигнат трговски договор до крајот на годинава

Раб: Велика Британија и ЕУ да постигнат трговски договор до крајот на годинава
Лондон, 29 април 2020 (МИА) - Велика Британија и Европската унија треба да постигнат трговски договор до крајот на годината за да се стави крај на секоја понатамошна неизвесност, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб. Тој повтори дека Лондон се уште е за завршување на преодниот период во декември. - Да бидеме јасни во врска со тоа, нашиот став е непроменет, рече Раб во Парламентот. - Преодниот рок завршува на 31 декември, што е законски пропишано, истакна тој. јт/

Остани поврзан