• петок, 22 ноември 2024

Работилница Upcycling (за надградба): Запознавање на учениците со концептот на одржлива мода

Работилница Upcycling (за надградба): Запознавање на учениците со концептот на одржлива мода

Скопје, 26 септември 2024 

Учениците од јавните училишта ОУ „Коле Неделковски“, „ОУ “Јохан Хајнрих Песталоци“ и „ОУ Кочо Рацин“ учествуваа на работилницата Upcycling (за надградба) организирана од Одделението за комерцијални и економски прашања на Амбасадата на Грција во Северна Македонија и грчката невладина организација „Catwalk“ во Скопје, 23-24 Септември.

Работилницата Upcycling (за надградба) се фокусираше на одржливата и етичката мода и на циркуларната економија.

Учениците научија за влијанието на модната индустрија врз животната средина, како и за можностите за повторна употреба на облеката и заштита на животната средина. Во практичниот дел од работилницата, тие ја покажаа својата креативност и вештините за соработка, претворајќи стари маички во чанти, со што им дадоа нов живот на стари предмети.

Public Diplomacy Office
Embassy of Greece in Skopje

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

foto Public Diplomacy Office
Embassy of Greece in Skopje

 

Остани поврзан