Путин телефонски разговарал со претседателот на ОАЕ, Мохамед бин Зајед ал Нахјан
- Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од Кремљ.

Moсква, 24 март 2025 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од Кремљ.
Во телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери станало збор за договорот со ОПЕК и разговорите меѓу Русија и САД за Украина.
Путин му се заблагодари на претседателот на ОАЕ за неговата посредничка улога во размената на воени заробеници меѓу Русија и Украина, додаде Кремљ. рп/
Фото: МИА архива