• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Путин и Трамп најавија нормализација на односите меѓу Русија и САД, соопшти Кремљ

Путин и Трамп најавија нормализација на односите меѓу Русија и САД, соопшти Кремљ

Москва, 18 март 2025 (МИА) - Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп го изразија својот заеднички интерес за нормализирање на односите меѓу двете земји во поглед на заедничката одговорност за стабилноста во светот, објави прес-службата на Кремљ по телефонскиот разговор меѓу лидерите.

-Беше изразен взаемен интерес за нормализирање на билатералните односи со оглед на посебната одговорност на Русија и САД за обезбедување безбедност и стабилност во светот, се вели во соопштението.

Двајцата претседатели продолжуваат со деталната и искрена размена на мислења за ситуацијата околу Украина, соопшти Кремљ. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан