• среда, 16 октомври 2024

Путин до Државната Дума достави предлог за ратификација на сеопфатниот договор со Северна Кореја

Путин до Државната Дума достави предлог за ратификација на сеопфатниот договор со Северна Кореја

Москва, 15 октомври 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин поднесе до Државната Дума предлог-закон за ратификација на договорот за сеопфатно стратешко партнерство меѓу Русија и Северна Кореја.

Соодветниот предлог-закон беше објавен вчера во законодавната база на податоци на Државната дума, јавија руските медиуми.

„Ратификувајте го договорот за сеопфатно стратешко партнерство меѓу Руската Федерација и Демократска Народна Република Кореја, потпишан во Пјонгјанг на 19 јуни 2024 година“, се наведува во нацрт-законот. Тој документ треба да го замени основниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, кој е во сила од 9 февруари 2000 година. зш/

Остани поврзан