Путин го прошири безвизниот режим за грузиските граѓани
- Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за поедноставување на процедурата за влез и излез за грузиските граѓани, јавија руските медиуми.
Москва, 10 октомври 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за поедноставување на процедурата за влез и излез за грузиските граѓани, јавија руските медиуми.
Со указот, потпишан денеска, им се дозволува на грузиските граѓани, вклучително и студентите и тие кои пристигнуваат за работа, да останат во Русија повеќе од 90 дена.
Претходно само одредени категории грузиски граѓани можеа да останат во Русија подолг период, додека работниците и студентите имаа ограничувања. рп/
Фото: ЕПА