• недела, 07 јули 2024

Путин вели дека сериозно ги сфаќа коментарите на Трамп за завршување на конфликтот во Украина

Путин вели дека сериозно ги сфаќа коментарите на Трамп за завршување на конфликтот во Украина

Москва, 4 јули 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека сериозно ги сфатил коментарите на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп дека може да донесе брз крај на борбите во Украина.

-Фактот што Трамп како претседателски кандидат вели дека е подготвен и сака да ја запре војната во Украина, ние го сфаќаме тоа доста сериозно, рече Путин на прес-конференција во Астана.

Тој додаде дека „не е запознаен“ со конкретните предлози на Трамп. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан