• недела, 22 декември 2024

Пусиќ: На Самитот ЕУ-Западен Балкан не е исполнето ниту едно очекување од регионот

Пусиќ: На Самитот ЕУ-Западен Балкан не е исполнето ниту едно очекување од регионот

Загреб, 23 јуни 2022 (МИА) - Поранешната министерка за надворешни работи на Хрватска Весна Пусиќ денеска изрази разочарување од резултатите на самитот ЕУ-Западен Балкан и изјави дека „ниту едно од очекувањата на земјите од регионот не е исполнето“.

- Резултати од Самитот: кандидатски статус за Босна и Херцеговина - не; почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија - не; забрзување на процесот за Црна Гора - не; визна либерализација за Косово - не; да се опкружи Србија со успеси, да се движи кон ЕУ - не“, напиша Пусиќ на Твитер.

На крајот прашува: - Што сега? паг/

Остани поврзан