• петок, 22 ноември 2024

ПСЖ загуби 1,7 милиони луѓе на Инстаграм по заминувањето на Меси

ПСЖ загуби 1,7 милиони луѓе на Инстаграм по заминувањето на Меси

Париз, 5 јуни 2023 (МИА) - Повеќе од 1,7 милиони луѓе се откажаа од социјалната мрежа Инстаграм на ПСЖ поради заминувањето на Лионел Меси.

 

ПСЖ најави заминување на аргентинскиот напаѓач во саботата, непосредно пред последниот натпревар сезонава со Клермон (2:3).

 

Пред објавувањето на заминувањето на Меси, ПСЖ имаше 70,4 милиони следбеници на Инстаграм. Страницата сега има 68,7 милиони следбеници, што е намалување за 1,7 милиони.

 

Исто така, неколку десетици илјади навивачи се откажаа од твитер профилот на Пари Сен-Жермен. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан