• недела, 22 декември 2024

Протетси во Австралија против сексуланото насилство и за половата нееднаквост

Протетси во Австралија против сексуланото насилство и за половата нееднаквост
Канбера, 15 март 2021 (МИА) - Десетици илјади жени денеска протестираа во 40 австралиски градови, меѓу кои и во Канбера, против сексуалното насилство и половата нееднаквост. Протестите наречени „Марш за правда“ (#March4Justice) беа иницирани од тврдењата на поранешната државна службеничка Бритни Хигинс, која минатиот месец објави дека била силувана од колега во 2019 година. Жените облечени во црно протестираа пред австралискиот Парламент, носејќи транспаренти „Вие не слушате!“, „Колку жртви познавате“ и „И верувам!“. Претходно, минатиот месец главниот обвинител Кристијан Портер демантраше дека силувал 16-годишно девојче во 1988 година, кога двајцата биле ученици. Обвинувањата за сексуално насилство го зголемуваат притисокот врз премиерот Скот Морисон, кој е критикуван дека несоодветно реагира на скандалите. Тој за протестите на жените изјави дека таквите маршови, дури и сега, треба да бидат пречекани од куршум, но не и во неговата земја. Таквиот коментар на Морисон предизвика критики од опозицијата. Според анкетите, рејтингот на Владата на Морисон е во пад откако тој отиде на одмор на Хаваи, додека во Австралија имаше големи пожари. ми/

Остани поврзан