• четврток, 16 мај 2024

Протест на вработени во институциите на ЕУ против израелските воени операции во Газа

Протест на вработени во институциите на ЕУ против израелските воени операции во Газа

Брисел, 8 мај 2024 (МИА) - Повеќе од 100 вработени во институциите на Европската унија се собраа денеска во Брисел на протест против војната што Израел ја води во Појасот Газа.

Демонстрантите поставија транспаренти, бели платна со црвени дамки, на плоштадот пред седиштето на Европската комисија во белгискиот главен град.

На транспарентите пишуваше „Меѓународно право, договори на ЕУ и конвенција за геноцид“, како порака на протест поради начинот на кој Израел одговори на нападот на Хамас на 7 октомври. зш/

 

Остани поврзан