Протести во Тел Авив додека Израел вели дека нападите во Газа ќе продолжат
- Израелските напади во Појасот Газа ќе продолжат и во наредните денови, изјави министерот за надворешни работи Гидеон Сар, додека во Тел Авив избија протести против продолжување на војната.

Тел Авив, 18 март 2025 (МИА) - Израелските напади во Појасот Газа ќе продолжат и во наредните денови, изјави министерот за надворешни работи Гидеон Сар, додека во Тел Авив избија протести против продолжување на војната.
-Ова не е еднодневна операција, рече Саар на состанок на израелско-американска лоби организација, соопшти неговиот кабинет. Одлуката за рестартирање на големите напади денеска по двомесечен прекин на огнот беше донесена пред неколку дена, додаде тој.
Палестинската исламистичка група Хамас отфрли два предлози на американскиот пратеник Стив Виткоф за продолжување на прекинот на огнот и ситуацијата не може да продолжи, рече Саар.
-Обновените напади значат „смртна казна за заложниците“, пишува на транспарентите што го држат демонстрантите. „Зошто се уште се во Газа?, скандираа демонстрантите.
Според Израелците, во Појасот Газа се уште се држат 24 живи заложници, како и телата на 35 други.
Протестите во Тел Авив беа насочени и против отпуштањето на шефот на домашната разузнавачка служба од страна на премиерот Бенјамин Нетанјаху во неделата поради „недоверба“. мс/
фото: МИА архива