• недела, 30 јуни 2024

Пронајден одземен мотоцикл, приведен крадецот

Пронајден одземен мотоцикл, приведен крадецот
Скопје, 31 август 2022 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, вчера во 13:40 часот на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, кој управувал мотоцикл со скопски регистарски ознаки. Мотоциклот, како што информираат од МВР, малолетникот вчера околу 8:00 часот го одзел на подрачјето на Карпош. Мотоциклот бил вратен на оштетениот, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/са/

Остани поврзан