• четврток, 19 декември 2024

Пронајдено одземено возило и вратено на сопственикот

Пронајдено одземено возило и вратено на сопственикот
Скопје, 8 мај 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари вчера  околу 1:40 часот на улицата „Вашингтонска“ во Скопје го лишиле од слобода А.М.(22) од Скопје. Во моментот на лишувањето, како што информира МВР, тој управувал товарно возило „Мерцедес Вито“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Т.(67) од Скопје, за кое тој завчера пријавил дека му било одземено. -Возилото било вратено на сопственикот. По преземени мерки биле пронајдени и предметите кои биле во возилото, а кои А.М. ги продал на повеќе лица. Предметите, исто така, биле вратени на сопственикот. Лицето било приведено во полициска станица и во службен разговор го признал делото, соопшти МВР. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. вј/

Остани поврзан