• понеделник, 01 јули 2024

Пронајдени двајца малолетници пријавени дека се оддалечиле од домот

Пронајдени двајца малолетници пријавени дека се оддалечиле од домот

Скопје, 16 септември 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 14 часот ги пронашле двајцата малолетници кои од страна на нивната мајка М.М. денеска околу 04 часот биле пријавени дека се оддалечиле од домот.

Како што информираа од МВР, двајцата малолетници и претходно неколку пати се оддалечувале од домот и биле враќани од страна на полицијата.

- Веднаш по добиената пријава, преземени се неопходните мерки и активности и малолетниците се пронајдени и ќе бидат вратени на родителите, појаснуваат од МВР. цр/вј

Фото:МИА архива

Остани поврзан