• четврток, 13 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пронајдена дрога при претрес во Tетовско, приведен 19-годишник

Пронајдена дрога при претрес во Tетовско, приведен 19-годишник

Скопје, 13 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово и Полициското одделение Камењане вчера во 7.15 часот  го лишиле од слобода 19-годишниот М.А. од село Пирок.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом во село Пирок, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

-Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира денеска МВР. хс/дма/

Фото: МИА архива 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан