Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
- Полицијата синоќа во 00:10 часот во угостителски објект во Гостивар ги лишила од слобода сопственикот на објектот Б.З.(20), вработениот А.С.(20) и Р.Д.(20), тројцата од Гостивар.
![Пронајдена дрога при претрес во Гостивар](https://new.mia.mk/images/20241205112043_big_730x400_61.webp )
Скопје, 5 декември 2024 (МИА) - Полицијата синоќа во 00:10 часот во угостителски објект во Гостивар ги лишила од слобода сопственикот на објектот Б.З.(20), вработениот А.С.(20) и Р.Д.(20), тројцата од Гостивар.
Како што информира МВР, при претрес во објектот, во кој биле затекнати тројцата, извршен со судска наредба, во објектот и кај вработениот биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицата биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава. мд/бак/
Фото: МИА архива