• понеделник, 01 јули 2024

Промоција на стрип албумот „Бестрашниот“ од Дарко Богданов

Промоција на стрип албумот „Бестрашниот“ од Дарко Богданов

Скопје, 15 мај 2022 (МИА) - Во кафе книжарницата Буква во Скопје, денеска од 19 часот ќе се одржи промоцијата на стрип албумот „Бестрашниот“ од авторот Дарко Богданов.

Како што информира авторот, станува збор за детски стрип кој е создаден уште во далечната 2008 година. - Овој стрип според хронологијата на работите е всушност моето прво долгометражно завршено дело. Требаше да излезе како издание многу одамна, во друга држава и на друг јазик, но околностите во тоа далечно време за жал не дозволија. Потоа следуваа нови проекти низ годините, кои секогаш го ставаа „Бестрашниот“ во заден план. Но еве сега, конечно по 13 години чекање, стрипот е пред читателската публика, доработен и подобрен, со нов изглед, наведува Богданов. Стрип албумот е во издание на Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“ и е финансиски поддржан од Министерството за култура како дел од годишната програма од национален интерес. ар/нд/

Остани поврзан