• четврток, 18 јули 2024

Промоција на проектот „CоmAct - Активности за намалување на енергетската сиромаштија во станбени згради“ во Карпош

Промоција на проектот „CоmAct - Активности за намалување на енергетската сиромаштија во станбени згради“ во Карпош
Скопје, 3 октомври 2022 (МИА) - По повод Светскиот ден на домувањето, а во рамки на проектот „CоmAct - Активности за намалување на енергетската сиромаштија во станбени згради“, денеска ќе се одржи отворен едукативен и информативен настан за можностите за унапредување на енергетската ефикасност во станбени згради во Општина Карпош. Настанот ќе се одржи во паркот Алумина, кај споменикот на Кузман Јосифовски Питу, а ќе бидат присутни градоначалникот на Карпош Стефчо Јакимовски и претставници на Општината и на Хабитат Македонија. Хабитат Македонија овој проект го спроведува во соработка со општините Каропш и Кавадарци. свс/сп/

Остани поврзан