Николоски: Исплатени платите на Македонски железници инфраструктура, Македонски железници транспорт и Македонски пошти
- Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска на својот фејсбук профил објави дека е исплатена плата на Македонски Железници Инфраструктура, Македонски Железници Транспорт и Македонски Пошти.
Скопје, 18 јули 2024 (МИА) - Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска на својот Фејсбук профил објави дека е исплатена плата на Македонски железници инфраструктура, Македонски железници транспорт и Македонски пошти.
-Ветив дека 4400 вработени нема да ги оставам без плата! Плата е исплатена на Македонски Железници Инфраструктура, Македонски Железници Транспорт и Македонски Пошти. Повикувам на одговорност за претходните раководства за недомаќинско работење. Во мојата четврта недела како Министер покажувам дека може поинаку, напиша Николоски на Фејсбук. бт/нд/
Фото: МИА архива