• вторник, 02 јули 2024

Промоција на збирката поезија „Дождови“ од Сузана Божиновска

Промоција на збирката поезија „Дождови“ од Сузана Божиновска
Скопје, 11 мај 2022 (МИА) - Во фоајето на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово вечер ќе биде промовирана на збирката поезија „Дождови“ од Сузана Божиновска. Промотор на збирката е Христина Алексовска, музички гостин Ерди Шахини и водител Ана Љубиќ. Нејзината поезијата изобилува од експресивни поетски слики со одмерено нијансиран дискурс. На еден суптилен, префинет па на моменти и нежен начин капките дожд паѓаат по „Надеж“, „Чекање“, „Прашање“, „Виножито“ ... Сузана Божиновска е родена во Куманово, каде и денес работи и живее. Таа е сопруга и мајка, и со целото свое битие посветена токму на оваа функција. А за пишувањето како што и самата вели: „ Не сум писател... Не сум некој кој некаде е запишан како писател. Ниту пак некој кој во некои документи ќе го пронајдете како писател. Јас сум некој кој дозволува листот и пенкалото да ја читаат мојата душа. “ Поетскиот поглед плени низ стиховите, овозможувајќи внатрешно, емотивно ослободување од секојдневните стегите „Тешко е“, „Можеш“, „Чекање“, „Копнеж“, „Дождот“ ...фф/са/  

Остани поврзан