• петок, 23 август 2024

Промоција на документарниот филм за Димче Миновски од Шенол Мемиш на „Битфест“ в сабота

Промоција на документарниот филм за Димче Миновски од Шенол Мемиш на „Битфест“ в сабота

Скопје, 22 август 2024 (МИА) - Документарниот филм на новинарот Шенол Мемиш за неговиот пенизониран колега и писател Димче Миновски ќе биде промовиран в сабота, од 19:30 часот, во киното „Манаки“ во Битола, во рамките на Битолското културно лето - „Битфест“.

Филмот, кој е проект на Македонско-турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“, е со времетраење од 72 минути и е снимен на повеќе локации низ Битола.

Димче Миновски е пензиониран новинар од Радио Битола и писател на 30 книги повеќето од областа спорт. Минатата година ја освои наградата за животно дело  „4 Ноември“ од општината Битола. Бил дописник на повеќе редакции од поранешните ју-простори. Реализирал над 3000 радио преноси во сите спортови за Радио Скопје и МТВ, како и за матичната Радио Битола.

- Во филмот за Димче Миновски евоцираат спомени повеќе спортски работници и новинари, објаснува авторот на филмот Шенол Мемиш.
Ова прв филм на Мемиш, кој досега работел во повеќе електроски и печатени медиуми. ир/сст


Фото: Шенол Мемиш

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан