• вторник, 16 јули 2024

Промовиран филмот ,,Фениксот од Кавадарци" посветен на  етномузикологот Васил Хаџиманов 

Промовиран филмот ,,Фениксот од Кавадарци

Кавадарци, 9 септември 2023 (МИА) - „Фениксот од Кавадарци" е насловен играно - документарниот филм посветен на етномузикологот Васил Хаџиманов, што синоќа беше промовиран во ,,Куќата на мирис и вкус" во Кавадарци.

Хаџиманов бил етномузиколог, фолклорист и мелограф, еден од најголемите собирачи на македонски народни песни и за време на својот живот собрал повеќе од шест илјади изворни народни песни, 500 тажалки и 700 албански народни песни.

Директорот на Музеј галеријата, Јаким Зимоски рече дека филмот опфаќа дел од животот на етномузикологот. 

Настанот беше дел од традиционалната стопанско - културна и туристичка манифестација посветена на грозјето, виното и другите производи од грозје. 

- Музеј галеријата е на високо ниво вклучена во активностите што се организираат во рамките на ,,Тиквешки гроздобер", нагласи Стојанче Рамов, претседател на Совет на Општина Кавадарци. 

Продуцент на филмот е Миле Петковски. Сценариото и режијата се на Мишо Нетков. Директор на продукција е Диме Коцевски, а на фотографија, Тони Коцев. 

Настанот беше збогатен и со музички дел. свд/дма/

 

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан