• понеделник, 23 декември 2024

Промовирано ново возило дел од возниот парк на јавното претпријатие ,,Превоз" во Кавадарци

Промовирано ново возило дел од возниот парк на јавното претпријатие ,,Превоз

Кавадарци, 25 март 2024 (МИА) - Ново возило, дел од возниот парк на јавното претпријатие ,,Превоз", беше промовирано попладнево во Кавадарци. 

Кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев информираше дека оваа инвестиција била согласно на годишниот план за јавни набавки на претпријатието. 

- Се работи за ново возило со 19 седишта, 13 по ред во функција на сите што имаат потреба од јавен превоз. Јавниот превоз, освен што е субвенциониран,  значи придонес плус кон екологијата, нагласи Јанчев, осврнувајќи се и на новите линии за превоз, како и на веќе постоечките и зајакнатите линии. 

Градоначалникот најави и модернизирање на автобуските постојки. 

Директорот на ЈП ,,Превоз", Александар Ѓорѓиев рече дека крајната цел е зголемување на капацитетите, но и  квалитетен и безбеден превоз.

Ѓорѓиев соопшти дека од почетокот на април месец ќе вози и туристичкиот воз „,Гроздоберко". свд/ дма/


Фото :  МИА 

Остани поврзан