• петок, 06 февруари 2026

Променливо време во наредните денови

Променливо време во наредните денови

Скопје, 6 февруари 2026 (МИА) - Следува период на променливо време. Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и в недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег, информира УХМР.

Врнежи од дожд ќе има и в понеделник, кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух, врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи се очекуваат од четврток.

Фото: МИА

Остани поврзан