• недела, 22 декември 2024

Промени во начинот на работење на Националната служба за разузнавање на Грција

Промени во начинот на работење на Националната служба за разузнавање на Грција
Атина, 10 август 2022 (МИА) – Назначување на директорот по мислење дадено од надлежната комисија во Парламентот и законско следње на лица по одобрување и од втор обвинител, се двете промени што ги содржат „итните одредби за зајакнување на интегритетот на работењето на Националната служба за разузнавање на Грција“, вклучени во претседателскиот декрет, јави дописничката на МИА од Атина. Законскиот акт потпишан од претседателката на Грција, а по предлог од Владата доцна синоќа беше објавен во Службен весник на Грција. Предвидува, како и досега, директорот на службата да се именува и разрешува слободно со одлука на надлежниот член на Владата, додека пак со промените,  назначувањето „се врши по мислење на надлежната комисија на Собранието, согласно одредбите од деловникот“. Втората промена, односно вториот член во законскиот акт се однесува на одобрувањето за декласификација на комуникациите од Националната разузнавачка служба. По наредба на јавниот обвинител согласно одредбите од постоечкиот закон, „декласифицирање писма и телефонски или други комуникации, како и евидентирање на активноста на лица со специјални технички средства, а особено со аудио и видео уреди надвор од местото на живеење“, се врши откако оваа одредба се доставува на одобрување во рок од 24 часа до втор обвинител. Промените во Националната служба за разузнавање на Грција (ЕИП) ги најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во понеделникот, откако беше откриено дека лидерот на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис, три месеци законски бил следен од ЕИП, но според Мицотакис, без да биден информирана Владата. ср/

Остани поврзан