• петок, 28 јуни 2024

Промена на времето од петок, зголемена облачност и пониски температури

Промена на времето од петок, зголемена облачност и пониски температури
Скопје, 3 март 2021 (МИА) - Топлото време ќе се задржи уште утре, а од петок метеоролозите најавуваат промена на времето и заладување. -Утре ќе се задржи сончево и ралативно топло време. Од петок ќе има зголемување на облачноста, а во сабота промена на времето. Поради продор на постудена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, а на повисоките планини од снег. Во сабота ќе дува засилен северен ветер, информираат од УХМР. Дневните температури, според УХМР, за време на викендот ќе бидат во опаѓање, а од понеделник ќе има постепен пораст. Утре дневната температура ќе се движи од 10 до 20 степени, во петок од 12 до 19, во сабота од 9 до 16, недела шест до 12 степени понеделник од седум до 13 и вторник од осум до 15 степени. скс/  

Остани поврзан