• четврток, 02 април 2026

Пролетна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на територија на општина Илинден

Пролетна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на територија на општина Илинден

Скопје, 1 април 2026 (МИА) - Општина Илинден успешно ја реализираше пролетната акција за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, со цел превенцијата и заштита на граѓаните од заразни болести. Акцијата се реализиараше во рамки на програмата за заштита на населението од заразни болести за 2026 година.

Со оваа акција, информираат од локалната самоуправа, беа третирани 1073 шахти на јавните површини, со цел ефикасно намалување на присуството на глодари, додека дезинфекцијата опфати 3300 квадратни метри јавни објекти, меѓу кои општинската зграда и домовите на култура, простори од особено значење за секојдневниот живот на заедницата.

-Оваа интервенција претставува уште еден доказ за посветеноста на Општина Илинден кон создавањето чиста, здрава и безбедна животна средина. Со континуирано спроведување на ваквите мерки, Општината останува посветена на штитење на јавното здравје и квалитетот на живот на граѓаните во сите населени места, велат од локалната самоуправа.вј/са/

Фото: Општина Илинден

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан