• петок, 22 ноември 2024

Прокудин: Русија изврши воздушен напад во Херсонската област, најмалку едно лице загина, а едно е повредено

Прокудин: Русија изврши воздушен напад во Херсонската област, најмалку едно лице загина, а едно е повредено

Киев, 2 септември 2023 (МИА) - Руските сили извршија воздушен напад во областа Берислав во регионот Херсон, при што загина најмалку едно лице, а едно е повредено, објавија украинските медиуми, соопшти шефот на регионалната воена управа на Херсон, Олександр Прокудин, на „Телеграм“.

-Русија изврши воздушен напад врз областа Берислав. Има мртви и ранети, напиша Прокудин.

Според него, руските сили ја нападнале Одрадокамијанка со водени воздушни бомби и ги погодиле и куќите на локалните жители. Од гранатирањето загинал 43-годишен маж.

Уште едно лице е хоспитализирано и е во тешка состојба, а лекарите во моментов ја пружаат потребната медицинска помош. Повреден е и 57-годишен маж со повеќе рани. Во воздушниот напад биле оштетени неколку куќи во селото.

Русија вчера изврши воздушен напад врз лифт и магацини во селото Тиахинка, област Бериславски во регионот Херсон. мс/

фото: Википедија

Остани поврзан